BMW го прославува 45 роденден на Series 3 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

За време на минатите 45 години Series 3 за BMW беше она што е Golf за Volkswagen односно најпопуларниот модел во понудата. Првата генерација, Е21, беше претставена во 1975 година како замена за дотогашните модели 1500 и 2002 купе. Овој автомобил имаше каросерија на спортска лимузина, а се произведуваше во верзија со две врати.

На почетокот, најсилната верзија 320 имаше мотор со сила од 109 коњски сили. Веќе првата генерација на Series 3 се покажа како многу успешен модел така што после шест години производство од производствената линија се симна милионитиот автомобил. Наследникот се појави во 1982 година, а овој BMW имаше и посовремена и поелегантна линија.

Во почетокот се изработуваше во верзија со две врати за веќе во 1983 година да биде претставен модел со четири врати, а потоа и првиот кабриолет и караван Series 3.

Втората генерација која е значајна и по тоа што во нејзини рамки првпат е лансирана М верзијата на една „тројка“, но и шестцилиндричен дизел мотор. Моделот од третата генерација на Series 3 што се појави во 1990 година донесе и нов аеродинамичен дизајн и поинаква силуета која ја карактеризира закосена хауба и нешто поиздигнат заден дел од автомобилот.

Четвртата генерација се појави во 1998 година. Овој автомобил имаше идеален распоред на масата по осовини во однос 50:50. BMW во 2005 година ја претстави петата генерација на Series 3 со дополнително унапредени дизајнерски и технолошки решение, благодарение на кои на авто саемот во Њујорк доби награда за Светски автомобил на годината.

Шестата генерација на популарната „тројка“ првпат во јавноста е прикажана во октомври во 2011 година во Минхен. На почетокот на мај во 2015 година на 40. роденден на Series 3 стигна и рестилизираната верзија да го дополни јубилејот. Актуелната седма генерација на „тројката“ na BMW дебитираше на саемот за автомобили во апари во есента во 2018 година.

Лимузинската верзија порасна во однос на претходникот, но автомобилот истовремено стана полесен и до 55 килограми во зависност од верзијата. BMW се пофали дека коефициентот на отпор на воздухот на овој автомобил е 0,26. Една година подоцна во јуни 2019 година е претставена и караван верзија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK