BMW го повлекува електричниот i3 поради „протекување гориво“!

ОБЈАВЕНО НА:

Моделот i3 е познат како електричен автомобил што BMW го има во својата понуда, но неодамнешното повлекување на речиси 20.000 возила во САД е поради „протекување гориво“.!
Многумина се прашуваат како е тоа можно. Целосно електрично возило а да има ваков проблем, и од каде воопшто гориво?

BMW i3 е целосно електрично гориво, но може да се купи и со дополнителен внатрешен мотор со што се користи како „продолжувач на досегот“, поради што ова е електрично возило се претвора во плаг ин.

Многу купувачи во САД се решиле да го купат овој i3 со опцијата за „продолжување на досегот“. И сега сите ќе мора да ги однесат возилата во сервис.

Според ХНТСА администрацијата при отворање на вратничката од резервоарот доаѓа до триење на каблите при што може да дојде до протекување на гориво. За среќа досега нема забележано вакви инциденти кои може да предизвикаат пожар. Но, BMW ги повикува сите сопственици на сервис.

Досега BMW има продадено над 25.000 возила i3 во САД. Повикот за дополнителен сервис е за оние што го имаат оној „продолжувач на обсег“, односно над 19.000 возила. Тоа значи дена повеќе од три четвртини од купувачите се решиле да имаа плаг ин возило наместо целосно електрично.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK