вторник, 25 декември, 2025 година

BMW ги заштити ознаките од i1 до i9 и од iX1 до iX9

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Во компанијата BMW продолжуват да работат на новите модели, а пред две недели беше објавен планот до 2021 година да биде лансиран напредниот модел под ознака INext, но засега нема никакви информации за неговите карактеристики и за конечниот назив.

Компанијата од Баварија годинава продаде 100.000 електрични автомобили, а тоа е огромен напредок. Затоа уште сега се направи чекор напред и беа заштитени правата на ознаките од BMW i1 до i9, но и на ознаките од BMW iX1 до iX9.

- Advertisement -

Во истиот извештај уште еднаш е потврдено дека iNext ќе биде технолошки чекор напред за понудата на BMW, а токму овој модел би требало да ја носи ознаката i9 додека доколку се работи за СУВ/кросовер ознаката ќе биде iX9.

Карактеристиките на моделот iNext засега не се официјално потврдени, но сигурно се знае дека ќе го придвижува електричен погонски склоп и дека ќе биде опремен со автономија на четврто ниво.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја