Регулаторната комисија во Германија им одреди казна од вкупно 100 милиони на водечките произведувачи на автомобили, BMW, Daimler и Volkswagenu поради здружувње во картел за потреба на набавка на производи од челик.
Во периодот од 2004 до 2013 година произведувачите на автомобили редовно се состанувале со произведувачите на челик и другите компании во ланец за набавка за да договорат единствен износ за надоплатување на набавната цена, а ова е објавено од уредот за сузбивање на картелски активности.
Додаваат и дека компаниите плаќале незаконски цени, кои произлегле од картелските активност барем до 2016 година.
Компаниите ги прифатиле казните. Од страна на BMW веќе соопштија дека ќе платат казна во износ од 28 милиони евра. Daimler според зборовите на портпаролката ќе мора да платат 23,5 милиони евра.
Другите речиси 49 милиони евра отпаѓаат на Volkswagen, кој е најголемиот германски производител. Оттаму не сакаат да ја коментираат висината на казната, но изразија задоволство поради заршувањето на истрагата и отстранетите правни несигурности.
Од уредот за сузбивање на картели напоменуваат дека набавната цена на производи од челик на кои картелот влијаел а се користат при изработка на вратила, запчаници и шипки во управувачкиот состав, сочинува еден процент од конечната вредност на автомобилот.