Експертите од списанијата What Car? и Practical Caravan и членовите на британскиот Клуб на камперите и автомобилските туристи го избраа BMW 520d Touring xDrive M Sport за победник на конкурсот Tow Car Awards 2018.
Баварското комбе ја доби наградата после редица на тестови во кои се оценуваа комоцијата, просторот во внатрешноста, просторноста на багажникот, експлотациските расходи и соодносот меѓу цената и квалитетот.
BMW 5 забележа „чиста“ победа бидејќи жирито не открило сериозни недостатоци на моделот, кој успеал да се справи со сите тестирања и успеа да ги надмине сите конкуренти во категоријата 1700-1899 килограма.
Победници во другите класи се:
Skoda Octavia (тежина до 1400 кг)
Skoda Superb (1 400-1549 кг)
Peugeot 5008 (1550-1699 кг)
Land Rover Discovery (над 1900 кг)
Volvo XC40 (најдобар семеен кросовер)
Kia Stinger (најдобар „влекач“ со мотор на бензин)
Volkswagen Polo (најдобар суперлесен „влекач“)
Hyundai i30 Tourer (најекономичен модел)
Во последните три години на конкурсот Tow Car Awards победија Land Rover Discovery (2017), Skoda Superb (2016) и комбито Volkswagen Passat (2015).