BMW 5 Series во Кина доби +13 сантиметри

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата BMW ги откри првите детали за специјално развиената за кинескиот пазар долга верзија на 5 Series, која ќе биде претствена официјално за време на Auto China 2020 (26 септември – 5 октомври) во Пекинг.

Како резултат на зголеменото со 130 мм (до 3.105 мм) растојание меѓу оските, специјалната верзија на BMW 5 Series нуди значително поголем простор во внатрешноста, а основен акцент е ставен и на просторот  на задниот ред на седишта.

Во опремата на специјалната петка исто така се вклучени и неколку дополнителни додатоци, а притоа е вклучен и Sky Lounge панорамски стаклен таван, мултимедиски систем Professional со два екрани на регулирање на задните седишта, систем за индиректно осветлување со избор меѓу 11 светла, како и удобни задни седишта со додадена ергономија.

Кај новата понуда на BMW во Кина акцентот е ставена на уникатната модицикација за локалниот пазар BMW 535Le со plug-in хибриден систем со 292 коњски сили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK