Автомобилите од брендот BMW во принцип не се одликуваат со можност за долго возење, како моделите на еден од главните ривали од Mercedes-Benz. Возилата на Mercedes успеваат да минат и над милион километри, а има многу такви.
Сепак, така не стојат работите и со BMW. Има една „тројка“ со модификација 325i, која докажа дека и BMW можат да издржат да извозат милиони километри.
„Тројката“ со најголема регистирана далечина е сопственост на компанијата за производство на масло, Mobil. Возилото, кое е на фотографијата е користено за тестирања на различни течности за подмачкување, а таа дејност ја извршува уште од 1990 година. За овој триесетгодишен период „Баварецот“ успеал да помине дури 1,6 милиони километри.