BMV Group објави дека 2016 година ја заврши со најнисок профит од 2010 година досега, откако минатиот месец и Mercedes-Benz му ја превзема круната за најдобро продаван луксузен бренд во 2016 година.
Со зголемени трошоци за новите технологии, маргината на профитот на BMV во 2016 година се намали на 8,9 проценти од 9,2 проценти во претходната година.
Приходите на Групацијата пред камати и оданочување паднаа на 9,39 милијарди евра.
„Ние сме комплетно фокусирани на имплементација на нашата стратегија, која предвидува автономни електрични возила. Од 2019 година во сите наши главни брендови ќе биде вградена електричната, односно мобилност напојувана со батерии“, соопшти BMV Group.
BMV пред сѐ се фокусира на иновации, и планира во 2021 година да го лансира самовозечкиот електричен автомобил iNext model со надеж дека повторно ќе се востоличи како лидер во автомобилската индустрија. Високите трошоци за развој, BMV ги надоместува со високи трговски маржи на традиционалните модели, како што ќе биде и новиот X7 SUV, кој треба да се појави во 2018 година.
Во 2017 година се очекува малку подобра продажба на BMW 5 серијата и Mini Countryman.