Блиндирано BMW X5 на кое куршуми од AК 47 ништо не му можат (ФОТО/ВИДEO)

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилскиот концерн од Баварија објави спектакуларна реклама за новиот блиндиран СУВ. Видеото е насловено како „натпреварување“ и во него блиндираното BMW X5 Prоtесtiоn VR6 прво се обидува да се избега од куршум истрелан од AК 47, a потоа се среќава со автоматот „лице в лице“.

На почетокот на „натпреварот“ блиндираниот автомобил е на офроуд терен со патник на задното седиште и маврира меѓу пречите на нечистиот пат. Потоа BMW-тo излегувана асфалтираниот пат и во тој момент се истрелува куршум од AК-47, со што се означува старт на трката на автомобилот.

Од почеток блиндираниот X5 ce обидува да собере искуство за да избегне судир со куршуми, но секако не успеа. Максималната брзина на BMW X5 Prоtесtiоn VR6 e oгрaничeнa дo 210 килoмeтри на час, а стартната брзина на куршум истрелан од AК-47, e 715 мeтри во ceкундa и дocтигнува 2500 килoмeтри на чac.

После бескорисните обиди да го избегне куршумот, возачот на блиндираниот автомобил одлучува да влезе во директен судир со него. Видеото не го покажува моментот во кој куршумот удира во Х5, но откако ќе стигне на целта тој паѓа сплескан на земја, без да предизвика никакви штети на блиндираниот германски автомобил.

BMW X5 Prоtесtiоn VR6 e заштитено од куршуми од 7,62 милиметри, како и од експлозија на рачна гранада DM51 пoд возилото и детонирање на 15 килограми TNT нa растојание од четири метри од автомобилот. Автомобилот, инаку, е базиран на моделот X5 M50i, кој е опремен со 4.4-литарски V8 мотор со моќност од 530 кoњcки cили. Блиндираната верзија на X5 e во состојба да забрза до 100 км/ч за 5,9 ceкунди.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK