Бизарно: Уапсиле коњ зашто клоцнал автомобил (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Полицијата во државата Сержипи, Бразил, уапси коњ заради оштетување на паркиран автомобил, објави локалниот весник Globo. Животното минало 15 часа во келија во полиција додека сопственикот не се согласил да плати за поправка на автомобилот.

Вилијамс Фрасишку дош Сантош го водел својот коњ кога група минувачи побараа од него да го погалат. Животното сепак се исплашило од еден од непознатите и оштетило врата на еден автомобил.

Полицијата веднаш пристигна на местото на настанот, го уапсила „вандалот“. Коњот бил ставен во тесна келија без вода и храна. Дош Сантос тврди дека му носел сеното ноќе, но не му дозволиле да му ги даде на уапсениото животно.

Коњот бил ослободен дури откако Вилијамс Фрасишку се согласил да го обештети сопственикот да оштетеното возило што првично одбил да го направи веднаш по инцидентот. Тој го обвинувал возачот за неправилно паркирање.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK