Битолчани најмногу казнувани – 90 глоби за 1 час напиша полицијата

ОБЈАВЕНО НА:

По Гостивар и Куманово кои имаа над 60 казнети возачи за само 1 час, сега новиот неславен рекордер е Битола. Таму полицијата напиша 90 казни за само 1 час контролирање на сообраќајот. Конечните бројки од акцијата спроведена во Битола ќе биде позната утре, но според најавата, тие бројки нема да бидат нималку мали.

„Само за еден час во денешната акциска контрола во Битола се изречени 90 санкции, пред се за пречекорена брзина, за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и др. “, соопшти Тони Ангеловски, портпаролот на МВР.

Министерството за внатрешни работи покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови.

Досега за три седмици откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се околу 12.000 санкции, најчесто за возење со брзина над дозволената,нерегистрирани возила, а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK