Екипата на TopGear, најпопуларниот авто магазин ни припремија супер адреналинско видео во кое глаавните улог ги имаат Honda NSX, BMW M5 Competition и Mercedes AMG E63S.
Во видеото со должина од 100 секунди екипата прави споредба помеѓу овие три супер автомобили, а при тоа тезата е поставена во насока на тоа дали јапонскиот претставник може против германските.
Според техничките податоци Honda NSX до 100-ка забрзува за 3,3 секунди, а и во поглед на тежината е посупериорен во однос на конкурентите. Така тежината на овој автомобил изнесува 1.725 кг што е за 155 помалку од Mercedes AMG E63S и 140 во споредба со BMW M5.
Дали сето тоа нешто значи погледнете на видеото.