Битка на берзата – акциите на Tesla се поблиску до оние на Toyota

ОБЈАВЕНО НА:

Додека за фанатиците на автомобилизмот битките помеѓу производителите се сведуваат на улиците и салоните, за инвеститорите важна е онаа на берзите.

А таму, Tesla јуриша напред. Иако имаше значителен пад на вредноста на акциите, пред се поради несмасните изјави на Маск, акциите на Tesla ги достигнуваат оние на Toyota. Всушност станува збор за вкупната вредност на акциите, а со тоа и пазарната вредност на компанијата.

Така според бројот на издадени акции и моменталната цена, пазарната вредност на Tesla порасна на 150 милијарди американски долари што е пет пати повеќе од американскиот конкурент General Motors и за 10 милијарди долари помалку од Toyota.

Последниот раст на цената на акциите се должи на фактот што Tesla го рестартираше производството во фабриката во Калифорнија како и одличните пазарни удели на поедини национални пазари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK