Биодизелот на македонскиот пазар има удел од само 0,2 процента, Сите дизел-горива продадени на бензинските станици во ЕУ во 2017 година содржеле биодизел, а 87,6 проценти од бензинот содржел биоетанол. На нашиот пазар нема понуда на биоетанол.
Биогоривата значително придонесуваат кон намалување на емисијата на CO2 од транспортот. Половина од возилата на нашите патишта во 2018 година или над 208.000 биле дизел-возила, со просечна старост од 19,1 година. Тоа значи дека биодизелот, со неговата популаризација и помасовна употреба може да биде најдобра краткорочна мерка за намалување на загадувањето од транспортот.
Дополнително, дизел-горивото со биокомпонента му годи на моторот бидејќи обезбедува природно подмачкување на внатрешните делови, повисоката содржина на кислород обезбедува почисто согорување и намалување на остатоците од согорување во моторот, додека повисокиот цетански број од тој на обичниот дизел обезбедува посмирена работа на моторот и помало абење на деловите.
Додека биодизелот на македонскиот пазар има удел од само 0,2 процента, сите дизел-горива продадени на бензинските станици во Европската Унија во 2017 година содржеле биодизел, а 87,6 проценти од бензинот содржел биоетанол. На нашиот пазар нема понуда на биоетанол.
На патиштата во 2018 година имало вкупно 415.000 патнички возила од кои 86,7 проценти или над 360.000 биле постари од десет години. Од нив над 208.0000 или повеќе од половината биле дизел-возила.
Оттука и нѐ зачудува дека во потрошувачката на нафтените деривати на домашниот пазар во 2018 година доминираат дизел-горивата со 67,15 проценти. Според податоците од Извештајот за работата на Регулаторната комисија за енергетика за 2018 година, на нашиот пазар се нашле вкупно 571.893 тони дизел-горива.
Извештајот на Европската агенција за животна средина за квалитетот и емисијата на стакленички гасови од горивата во транспортот во Европската Унија за 2017 година, објавен на 31 октомври 2019 година, покажува дека 72,3 проценти од вкупно продаденото гориво во 2017 година било дизел-гориво, а бензинот учествувал со 27,7 проценти.
На ниво на Европската Унија 71,9 проценти од бензинот продаден во 2017 година содржел до 5 проценти етанол, а 15,7 проценти и до 10 проценти етанол.
Од дизел-горивата продадени во Европската Унија во 2017 година 83,8 проценти содржеле до 7 проценти ФАМЕ, односно чист биодизел, а 16,2 проценти и повеќе од тоа.
МАКПЕТРОЛ ИНФО-ПОИНТ