Биле под санкции? Русите инвестираат 900 милиони долари во развојот на националниот автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Иако подолго време се под санкции, сепак во Русија живото продолжува со нормално темпо. Според новите извештаи, руската влада има намера да инвестира до 900 милиони долари во развојот на платформа за националниот автомобил во следните три години. Оваа нова платформа ќе биде доволно флексибилна за да се користи за различни возила, со посебен фокус на хибридите и електричните автомобили.

Проектот го води Институтот за истражување на автомобили и автомобилски мотори НАМИ. NAMI е сопственик на премиум рускиот бренд Aurus Motors, кој произведува лимузини за рускиот претседател Владимир Путин.

Во создавањето на платформата важна улога ќе има руската државна нуклеарна компанија Росатом. Оваа компанија веќе работи на две огромни фабрики за производство на батерии наменети за идните електрични автомобили. Исто така, се работи и на интегриран електричен погон за возилото, а ќе се користат и композитни материјали за намалување на тежината.

Локалното производство на автомобили во Русија драстично се намали. Во текот на 2021 година во Русија се произведени околу 1,34 милиони автомобили, а во 2022 година тој број падна на 448.246 возила. Иако многу компании ја напуштија Русија, пристигнаа бројни кинески брендови кои почнаа да произведуваат нови модели во поранешните фабрики на западните производители.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK