вторник, 25 декември, 2025 година

Биди совесен возач и добиј награда од Окта

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Со доделување ваучери за гориво на совесните возачи во Скопје за кои при контрола на сообраќајната полиција беше утврдено дека возат без присуство на алкохол во крвта официјално почна кампањата „Јас внимавам“. Кампањата ќе трае во текот на годинава и секој месец ќе биде посветен на различна тема од сообраќајот со поддршка од голем број јавни личности и доделување награди за совесните возачи.

– Преку подигнување на општествената свест за лична и колективна безбедност во сообраќајот, очекуваме да придонесеме кон создавање одржлива култура за побезбедни сообраќајници. За таа цел, за секој месец подготвиме различни теми и настани поврзани со сообраќајните правила, а за најсовесните учесници во сообраќајот ќе следат и интересни награди. Поддршката од голем број јавни личности ќе ни помогне нашата порака да биде уште погласна, додека преку донација на сообраќајни полигони во повеќе училишта ширум земјава, ќе помогнеме за поефикасна сообраќајна едукација на нашите најмили, изјави Јанис Героуланос, главен извршен директор на ОКТА.

- Advertisement -

Кампањата стартува со активности кои ќе придонесат за подигнување на свеста за најчесто прекршуваното правило, односно учество во сообраќајот под дејство на алкохол. Секој следен месец ќе биде посветен на некој од најчестите сообраќајни проблеми како неопходноста од користење заштитни шлемови за мотоциклистите и сигурносен појас за возачите на автомобил, возење и зборување на мобилен телефон, возење со препорачана брзина на патот, користење на детско седиште и соодветна зимска опрема.

Според најавите од ОКТА, едукативните сообраќајни полигони ќе бидат донирани во повеќе од 15 основни училишта ширум земјава, а кампањата вклучува и изведување театарска претстава на тема безбедноста во сообраќајот. Воедно, ќе бидат дистрибуирани и боенки со основните сообраќајни правила.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја