Рускиот гигант Lada кој од неодамна е дел од Renault семејството за новите модели кои ќе бидат прикажани во наредниот период отвори можност да секој ги предложи новите имиња.
За таа цел од 15 до 29 април на својата интернет страна отвори прашалник каде секој може да го предложи името и да наведе причина зошто го одбрал истото односно што асоцира тоа име.
Овој потег од маркетиншка природа има за цел да ги вклучи авто вљубениците, особено фановите на Lada во именувањето на идните модели, а ова не е прв пат AvtoVAZ да се одлучи на ваков потег. Така името на моделот Granta беше избран по пристигнатите 60 илјади предлози.
Вашите предлози можете да ги дадете ТУКА.