Бидете добар совозач: Кавга или расправија во возење може да бидат кобни!

ОБЈАВЕНО НА:

Сопатниците во автомобилот се од големо значење за безбедно возење. Од нивното однесување зависи и безбедното пристигнување на посакуваната дестинација. Затоа сопатниците не треба да почнуваат расправа на тема која може да му пречи на возачот при тоа возење. Од друга страна, сопатниците може да бидат од голема помош за возачот во текот на возењето или значително да ја зголемат сигурноста.

Постојат повеќе работи кои влијаат на безбедноста на сообраќајот, од сите модерни системи наавтомобилите кои го предупредуваат возачот, автоматски кочат кога ќе видат опасност, па сè до инфраструктурата на самите сообраќајници која е дизајнирана на такви начини што максимално се обидува да ги ублажи последиците на сообраќајните несреќи.

Сепак, тука е и оној најважен фактор односно возачот и неговата психофизичка ситуација, но и надворешното влијание на самиот возач. Имено, многумина не се ни свесни, но на сигурно возење може да влијае и совозачот, но и другите патници во возилото.

ДЕСЕТ КЛУЧНИ СОВЕТИ ЗА ПАТНИЦИТЕ ВО АВТОМОБИЛИ

1.Бидете безбедни, секогаш врзете го ременот

Како патник во возило и вие ризикувате смрт или тешка повреда на патот поради постапките на другите учесници во сообраќајот. Сепак, вина за несреќата или повредата може да биде и кај вас. Затоа секогаш бидете врзани со безбедносниот ремен.

2.Не му пречете на возачот

Возачите мора да бидат концентрирани на возењето, а секое пречење во автомобилот го отежнува тоа односно ја смалува концентрацијата.

3.Бидете добар совозач

На пример помогнете му на возачот даги натера другите патници да се однесуваат одговорно. Понудете му помош во барањето на пат, одржувајте ја јачината на музиката на соодветно ниво не ги менувајте радио станиците наеднаш и постојано.

4.Интеракцијата држете ја на разумно ниво

Што повеќе луѓе има во возилото тоа повеќе може да биде фактот кој му пречи на возачот, од разговор, музика па до мобилен телефон.

5.Следете го возењето

Ако обрнете внимание на патот ќе можете да видите како возачот треба да се концентрира повеќе и тогаш ќе можете да му помогнете на возачот да се фокусира подобро. На пример, со прекинување на разговор или со гасење на радиото.

6.Предупредете за опасност, но внимателно

Ако мислите дека сте во опасна ситуација на автопатот, предупредете го возачот на тоа, но не на начин да викате на сиот глас или да се обидувате да го зграпчите воланот или рачната кочница.

7.Не вклучувајте го внатрешното светло

Кога возите во текот на ноќта и без знаење на возачот немојте да вклучувате внатрешно светло во автомобилот бидејќи тоа може значително да влијае на „ноќниот вид“ на возачот.

8.Немојте да ги критикувате неискусните и бавни возачи

На возачот можете да му давате корисни информации, но воздржете се од критикување на начинот на возење од типот: „Дај додај гас! Леле колку си бавен! Јас тоа подобро би го извозел! Возиш како полжав, како баба…“ Тоа посебно се однесува на неискусните возачи.

9.Предупредете го возачот за пребрзо возење

Понекогаш може да ве загрижи однесувањето на возачот, но вас ве загрижува и неговата реакција ако тоа му го кажете. Сепак, вашата безбедност е најважна и тоа морате да му го ставите до знаење на возачот. Меѓутоа, тоа можете да го направите и на поблаги начини. На пример, ако мислите дека возите пребрзо, на возачот може да му кажете: „Прости, но јас и не сум некој добар патник. Ќе може ли да те замолам малку да забавиш?“

Ваквата реченица не би требало да го навреди возачот. На крајот на крауштата секогаш можете да кажете дека не се чувствувате добро и дека ви се повраќа. Сепак, ако ништо од ова не запали, тогаш морате јасно и гласно на возачот да му кажете да забалви бидејќи на тој начин можете да го спасите својот, но и неговиот живот.

10.Возачот е пијан или дрогиран? Не седнувајте во автомобил!

Доколку по некој случај знаете или се сомневате дека возачот е под влијание на алкохол или дрога, во никој случај не влегувајте во тој автомобил. Исто така направете сè што е во ваша моќ тој возач да не седнува зад воланот. Посетете ги дека можат да ја загубат возачката, ако не се случи и нешто полошо. Запаметете дека секој које толку себичен да пие и вози и на тој начин ги става другите и себе си во опасност, заслужува да се пријави во полиција.

Секогаш во мобилниот имајте број на такси служба во случај наеднаш да сте останале без превоз кон дома. Ако не можете да дојдете до такси, повикајте некој член на семејството. Не заборавајте, тие повеќе би сакале да дојдат до вас отколку вие да го ризикувате својот живот во автомобил со пијан или дрогиран возач.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK