Најчесто при давање на името на новороденото дете се договараат родители сакајќи притоа да задржат можеби некое традиционално домашно име, или пак новороденчето да добие име според некои од неговите предци. Но, секако на светот има различни примери…
Као би звучело вие или вашето дете да се вика Ферари, Нисан, Опел, Јагуар или Порше? Смешно или не, но повеќе од 900 илјади деца ширум светот добиле име по некој автомобилски бренд.
Како што пренесува српскиот медиум FoNet, а повикувајќи се на извори од британски медиуми, помеѓу 2000 и 2018 година на голем број деца во оваа земја се доделени имиња на некој од брендовите.
Дури 177.644 деца родени во периодот од 2000 до 2018 година во САД и Велика Британија добиле име Остин. 174.595 од родените деца се именувани како Хантер, а 132.696 како Морган. Ова всушност се и трите најчести имиња од автомобилската индустрија доделени на родените деца.
Меѓу имињата на децата може да се сретнат и Субару, Шевролет, Кадилак, Ферари, Нисан и Јагуар.