Би можело ли Lada да се произведува во Германија?

ОБЈАВЕНО НА:

На почетокот на јуни годинава руската Lada и официјално го напушти германскиот пазар, а со самото тоа Германците немаат можност повеќе да го купуваат нискобуџетниот ладин 4×4 модел.

Оваа одлука која не им се допадна на Германците произлегува како дел од новиот стратешки план на Renault Групацијата и пазарната дистинкција помеѓу Dacia и Lada како и строгите WLTP процедури за издувните гасови.

Токму поради тоа минатиот месец започна и петиција за врќање на Lada во Германија. Оваа петиција е покренета и за поддршка на локалниот дистрибутер Lada Deutschalnd.

Сега следи и нова петиција со која се настојува овој модел да се произведува во Германија. Протагонисти на оваа несекојдневна идеја е група на ентузијасти заљубеници во рускиот бренд кои настојуваат моделот 4×4 да се склопува во Магдебург. Оваа идеја ја соопшти Јуриј Постњиков, познат по проектот Partisan Motors. Тој за медиуми соопшти дека веќе се спроведени потребните истражувања и постигнат е договор со бројни партнери.

Деталите околу ова не се познати па оттука многумина се скептици дека може да дојде до такво нешто.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK