Би го купиле овој BMW автомобил за 67.000 долари?

ОБЈАВЕНО НА:

Фанатиците на BMW автомобилите и колекционерите имаат одлична можност да се “подноват” со примерок на BMW E34 M5 од 1991 година. Овој примерок е огласен од страна на продавач на Porsche автомобили од Лас Вегас, САД, а при тоа има поминато нешто повеќе од 50.000 км.

Под хаубата располага со 3,6 литарски S38 мотор кој продуцира максимални 311 КС. Доаѓа и со пет степен мануелен менувач. Според техничките карактеристики, од 0 до 100 км/ч забрзува за само 6.3 секунди додека пак максималната брзина која ја постигнува изнесува 252 км/ч.

BMW E34 M5

Истиот овој автомобил е огласен по цена од 67 илјади американски долари, но во зависност од интересот постои потенцијал оваа цена значително да се зголеми.

BMW E34 M5

Инаку основната верзија на овој модел се произведувала во периодот од 1987 до 1996 година во фабриките во Германија и Јужна Африка. М серијата пак се прозиведувала во периодот од 1989 до 1995 година и во далеку помалку примероци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK