Би дале ли 73.000 евра за хаварисан Porsche 356?

ОБЈАВЕНО НА:

На интернет сајтовите за продажба на автомобили може да се најде секаков автомобил. Сепак на eBay се појави Porsche 356 Coupe кој несомнено го привлече вниманието на љубителите на автомобилите.

Овој автомобил од 50-те години од минатиот век е во сопственост на огласувачот од раните 70-ти, но она што предизвика интерес е цената по која се продава. Така на огласот е наведено дека цената изнесува 73.500 евра.

Иако на пазарот овој автомобил е проценет од 200 до 250 илјади американски долари, сепак тоа што овој автомобил не се наоѓа во возна состојба, што целата каросерија е зарѓана, а внатрешноста речиси уништена го поставува прашањето дали овие 73,500 евра се преценети во споредба со состојбата на автомобилот.

Повеќето познавачи на автомобилите од овој период наведуваат дека реставрацијата е невозможно поради тоа што автомобилот е речиси во целост демолиран.

Инаку овој модел за прв пат се појавува во 1948 година, а најзаслужен за развојот и дизајнот е Ервин Коменда, дизајнер кој работел во Porsche, а е најзаслужен за дизајнот на школката на популарната “Буба”. Во периодот до 1965 година произведени и продадени се 76.313 примероци од основната изведба, но и A, B и C изведбите.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK