Безвременско Volvo чини 20 милиони долари – само поради еден детаљ

ОБЈАВЕНО НА:

Volvo V70 е далеку од денешните напредни автомобили кои ги произведува шведската компанија, но, сепак, се продава за дури 20 милиони долари.

Судејќи според фотографиите, старото Volvo не е во најдобра состојба, но поради една карактеристика има висока цена. Се работи за регистрациските таблички кои чинат 20 милиони евра, а за нив пишува „New York“.

Регистрациските таблички се нарачани кон крајот на седумдесетите години од минатиот век кога држава „New York“ почна да нуди опција за персонализација.

Со оглед на фактот дека се работи за уникат, а актуелниот сопственик ги продава табличките за 20 милиони долари, а за таа цена може да се купат 386 примероци на модерниот модел V90.

Многу не е водена грижа за автомобилот, но специјалните регистрациски таблички се чувани во семејството на сопственикот. Тој тврди дека овие таблички „New York“ се единствените легални за користење, додека во продавниците за сувенири можат да се купат само реплики.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK