недела, 25 декември, 2025 година

Безбедноста е најважна: Во Скопје исклучени од сообраќај 15 автобуси поради техничка неисправност

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Покрај контролите кај патничките возила МВР почна да врши контрола и кај возилата што превезуваат патници и уште на првата сериозна контрола вкупно 15 возила с еисклучени од сообраќај и поднесени прекршочни пријави.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.10.) во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје санкционираше прекршоци за техничка неисправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници.

- Advertisement -

Санкционирани се 15 возила , од кои 12 поради неисправен уред за сопирање, две возила поради неисправен уред за управување, а едно поради други неисправности.

Возилата се исклучени од сообраќај и поднесени се соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во текот на денешниот ден.

Во Македонија сообраќајот на патниците се одвива со доста стари возила кои најчесто се увезени. Според податоците од Царина, во 2020 година за првите осум месеци се увезени 90 употребувани автобуси и мини комбиња, а само 38 нови.  Во 2019 година бројот на увезени употребувани автобуси и мини комњина бил 217, а на нови само 18.

 

 

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја