Во новиот резултат од краш тестовите на Global NCAP, Citroën ë-C3 добива нула ѕвездичка оцена за возрасни патници и само една ѕвезда за безбедност на децата патници.
Произведен во Индија, ë-C3 ќе биде достапен на глобално ниво за пазарите во развој. Затоа, важноста на овој разочарувачки резултат со нула ѕвезди има светска важност за безбедноста.
Новиот e-C3 е можеби најголемата надеж на Stellantis за електрификација на поширок опсег на потенцијални купувачи за кои цената е многу важна. Citroën e-C3 што се нуди во Европа е далеку подобро опремен, па стандардно нуди шест воздушни перничиња, ABS, ESP и безбедносен пакет кој вклучува автоматски системи за итно сопирање, препознавање сообраќајни знаци итн. Почетната цена е 25.900 евра.
Треба да се има предвид дека ова е модел за пазари во развој кој го носи истото име, но беше лансиран во 2022 година.
Моделот опремен со само две воздушни перничиња доби нула ѕвезди за заштита на возрасните патници, и возачот и патникот, во пределот на градите. Кај овој модел нема странични воздушни перничиња, дури и со доплата и не се нуди ESC систем.
Алехандро Фурас, генерален секретар на Global NCAP, рече: „Ова е ужасен резултат за Stellantis. PSA некогаш беше лидер во безбедноста, но сега, како дел од групацијата Stellantis, производителот се чини дека направи голем чекор наназад. Се надеваме дека овој очигледен негативен тренд на глобално ниво итно ќе се коригира“.