Без овие 15 работи никогаш не тргнувајте на подолг пат

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку имате релативно нов автомобил и истиот редовно го одржувате во некој од овластените сервиси, веројатно многу уживате во слободата која ви ја дава. Тоа е добро бидејќи на тој начин седнувате зад воланот, го палите моторот и поаѓате кон крајната одредница. Стигате таму и тоа е тоа!

Сепак, што доколку на патот ви се случи некоја незгода или едноставно вашиот миленик откаже послушност и ви се расипе? Наједноставното решение е да се повика помош, но додека истата дојде може да помине доста време.

Затоа доколку одите на пат надвор од градот или се возите во него секогаш треба да имате неколку работи во својот автомобил. Тие би можеле да ви помогнат за да го продолжите патувањето, а можеби дури и да ви го спасат живото. На листата се 15 најважни работи. Не се вклучени шише со вода, храна… но и тоа е добро да го имате со себе.

1.Кутија со прва помош

Таа е задолжителна за секој автомобил и тоа одамна. Најчесто е во лоша состојба или дел од неа веќе сте „позајмиле“. Не жалете пари и потрудете се секогаш да биде во беспрекорна состојба. Од неа зависи вашиот или животот на некој друг.

2.Резервно тркало и алат

Во најголемиот дел од случаите и тој е присутен во автомобилите, но прашање е во каква состојба. Без оглед на тоа дали работи за класична димензија на тркало или она само за возење до првиот вулканизер е сеедно. И двете мораат да бидат напумпани под правилен притисок. Некои автомобили имаат таканаречени run flat гуми и со нив можете до случај проблем да дојдете до вулканизер или сервис и да ја замените оштетената гума. Сепак, ако немате таква среќа морате сами да ја замените оштетената гума, а за тоа ќе ви биде потребен алат односно кревалка и клуж за одвртување и завртување на штрафовите.

3.Пумпа и мерач за притисок во гумите

Ова е добро да се има, но тоа ќе ви помогне само во случај кај една или повеќе гуми да е намалена напумпаноста. Со пумпа можете да ја надополните гумата со воздух и на тој начин да можете да стигнете до првата бензинска пумпа на допумпување на воздухот со компресор или до вулканизер.

4.Триаголник за предупредување и безбедносно рефлектирачки елек

Кога вашиот автомобил ненадејно ќе застане на автопат, овие две работи сигурно ќе ви требаат. Триаголникот поставете го зад возилото на безбедна одалеченост за да ги предупредите возачите кои би можеле да наидат на вашиот автомобил. Покрај тоа, кога ќе излезете од автомобилот секако облечете рефлектирачки елек за да бидете видливи за другите учесници во сообраќајот. Овие две работи се уште поважни во случај на намалена видливост: дожд, снег, магла…

5.Комплет резервни сијалички

И ова е дел од задолжителната опрема на автомобилите, но треба да се води смета за тоа дали комплетот на светилките одговара на тие кои ги имате во автомобилот. Најчестата грешка е во тоа што се води малку сметка за тоа дали имате H4 или H7 во резервниот комплет, а вашиот автомобил има друг тип, кој го немате во резервата.

6.Кабли за палење

Ова е вообичаено обврзувачка работа која ја имаат сопствениците на постари автомобили со оглед на стариот возен парк, а не се малку. Тие кабли треба да бидат професионално направени и квалитетни за да не се „растопат“ при малку посилна струја.

7.Апарат за гасење пожар

Ова е сосема добредојден апарат кој може да ви помогне во случај на пожар во автомобилите, но и за да можете да му помогнете на некој друг на патот. И тие се дел од задолжителната опрема. Не се скапи, но имаат рок на траење и мора периодично да се проверуваат и атестираат.

8.Јаже за влечење

Доколку вашиот автомобил има дефект или не може да продолжи да се движи поради други проблеми тогаш јажето за влечење ќе ви дојде сосема добро. Во тој случај мора да имате помош уште од некое друго возило кое ќе ве повлече од пат позиција.

9.Работни ракавици, батерија…

Никој нема така идржливи прсти на рацете односно дланки така што работните ракавици можат да му помогнат без разлика дали треба да ракува со кревалка, да менува дупната гума или да реши друг механички проблем на автомобилот. Сепак, за да можете подобро да видите одредени делови на вашиот автомобил без оглед дали е ден или ноќ батеријата секогаш доаѓа добро особено ако е наполнета. Има уште неколку ситници можат добро да дојдат како крпа за бришење на раце после работа на автомобилот, како и паста за суво перење на рацете или влажни марамици.

10.Квалитетна изолир трака и пластични врвки

Во голем број од случаите популарната duck tape е исклучително ефикасно решение за проблемите на вашето возило, без разлика дали е збор за пукнато стакло или одвоен дел од калникот. Пластичните врвки исто така. Тие се едноставно добро решение за бројните проблеми при поврзувањето. Покрај овие две работи не би било лошо да се имаат и издржлива најлон со кој би можело да се прекие оштетениот дел од автомобилот, без разлика дали се работи за прозорец или нешто друго.

11.Ќебе

Ова не е шега. Ќебето може да ви помогне за да се повлечете под автомобилот. Исто така на ќебето можете и да седнете додека чекате помош или во случај на сообраќајна несреќа да стоплите некое повредено лице. И некоја стара јакна не би била вишок.

12.Алат или издржлив „мултипрактик“

Ова е една од работите кои сосема сигурно помагаат во вакви ситуации, но само под услов да знаете да се служите со него. Без оглед на тој мал предуслов, алатот во вашиот автомобил ќе помогне иако не сте вешти со него. Можеби ќе му помогне на некого кој ќе ви пријде во помош, а знае да се служи со него. Секогаш е згодно да се има нож и малку поголем чекан, но и некоја мала лопата.

13.Прирачник за вашиот автомобил

Ова е работа која е многу потценета, но во него се наоѓаат корисни совети. Во него има важни информации за видот на маслото кое го користи моторот, видот на горивото, ако не знаете и видот на сијалички, распоредот на осигурувачи и кој за што се користи. Постапка за менување на тркалото или како да се вози автомобилот. Ако на пример имете автоматски менувач морате задолжително да уфрлите во положба N (неутрално). Во него се наоѓаат и упатства за одредени состави за функционирање на вашиот автомобил како на пример Hill start assist.

14.Вреќа со песок

Веројатно ова ви делува смешно, но што ќе се случи доколку се најдете на мраз далеку од секаква помош? Песокот доколку се нафрла под погонските тркала прави чуда. Освен тоа, ако од вашиот автомобил тече масло или некоја друга мрсна течност таа претставува потенцијална опасност за другите возачи. Затоа е добро да сипете песок над неа.

15.Географска карта

Во денешно време сите имаат навигација, но што ако се наоѓате далеку од мрежа? Тогаш е добро да се има старата добра географска карта која може одлично да послужи за да одредите колку сте одалечени од најблиската цивилизација.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK