Above & Beyond турата ја посети Македонија (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Ретко се случува на едно место одеднаш да може се види целата гама на возила што ја има во Jaguar Land Rover, а уште помалку да бидат расположливи за тест возење. Последниве години Jaguar Land Rover групацијата понуди доста нови возила, најавувајќи успешно враќање во сегментот на СУВ возила и премиум сегментот.

Аутомобили Гроуп во соработка со Jaguar Land Rover ја донесе Above & Beyond тест драјв турата во Македонија овозможувајќи им на вљубеници во премиум возила несекојдневна можност одблиску да се запознаат со гамата.

Jaguar или Land Rover купуваат оние што се вљубуваат во она што марката го претставува: ненадминливата способност на Land Rover и заводливите перформанси на Jaguar кои ги возбудиваат сетилата.
Со купување на некое возило од гамата Jaguar или Land Rover, се купуваат врвните критериуми и идеали кои стојат зад секоја наша марка.

Со помош на професионални инструктори можеа да се убедат во исклучителните можности на Land Rover и храбро да истражат каде е лимитот. Возилата беа тестирани на импровизирани пречки и прегради кои симулираа вистински возбудлив off-road терен скротен благодарение на способноста на Land Rover.
Сместени во возачкото седиште, присутните можеа да го следат восхитот од Jaguar, да изберат различни модели и да ја откријат тест патеката на поинаков начин.

Со Above & Beyond турата за нашите гости се овозможија повеќе возила од гамата:
Комплетно новиот RANGE ROVER VELAR – најпрефинет и најспособен SUV од средна големина, кој премиерно и официјално беше претставен пред македонската публика.
RANGE ROVER EVOQUE CONVERTIBLE- првиот премиум компактен convertible SUV во светот, синоним за стил и современ градски живот.

Комплетно новиот DISCOVERY – Најсестраниот SUV. Револуционерен дизајн, генијална разновидност и ненадмината способност на Land Rover.

DISCOVERY SPORT- компактен SUV со авантуристички дух, со флексибилната внатрешност, која го надополнува убавиот изглед на возилото коешто нуди многу повеќе.

Од портфолиото на Jaguar достапен беше Jaguar XE- Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

Jaguar XF со вистински беспрекорни перформанси и апсолутно задоволство во возењето. XF се надоградува на успехот на најнаградуваниот автомобил на Jaguar досега.

Jaguar F-Pace – Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar, прогласен за Светски автомобил и Светски автомобилски дизајн за 2017 година.

Jaguar F-Type – Моќен, агилен и сосема посебен, F-Type е вистинскиот спортски автомобил на Jaguar.

Фото: Орце Поповски

 

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK