Bestune B70 – автомобил кој ги надминува стереотипите

ОБЈАВЕНО НА:

За кинеските производители има нашироко распострането мислење дека се плагијатори и произведуваат неквалитетни автомобили. Овој стереотип кој е зачнат уште во 90-те години и првите обиди на Кина за производство на автомобили е присутен и ден денешен.

Но, последните години, бројни кинески производители ангажираат европски дизајнери и инжинери со цел да го надминат тој стереотип.

Вистински пример за ова е моделот B70 на производителот Bestune кој пак е во сопственост на FAW Car Company. Овој автомобил е само еден во низата кој ги надминува стереотипите поврзани со кинеските автомобили.

Bestune B70

Официјалната премиера на овој авотмобил се очекува во текот на летото, додека првите испораки се очекуваат кон крајот на година. Она што е познато е дека ќе биде со должина од 4.815 мм, ширина 1.840 мм, висина од 1.455 мм и меѓуоскино растојание од 2.800 мм. Под хаубата доаѓа со 1,5 литарски турбо бензински мотор со 169 КС, а достапен е со шест степен мануелен и седум степен автоматски менувач.

Повеќе детали за овој автомобил кој ќе се продава само на кинескиот пазар се очекуваат во наредниот период.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK