Пикап моделот на Tesla веќе подолго време се најавува од страна на американскиот производител, а тоа предизвикува особено внимание пред се поради популарноста на овие возила во САД.
Според последното истражување спроведено во САД, пикап моделот на Tesla бележи се поголема популарност во САД и веќе е попопуларен од оној на Ford, F-150.
Истражувањето на американскиот пазар покажува дека на западниот дел од САД како и северо-истокот голема популарност бележи сеуште некомерцијализираниот пикап на Tesla, додека на јужниот дел од земјата сеуште владее Ford F-150.
Тоа што пикапот на Tesla сеуште не е комерцијализиран, а има веќе голема популарност покажува дека истиот ги има сите предуслови за вистински бестселер.