Бесни италијански дилери: Им наплатиле возила што не ги нарачале

ОБЈАВЕНО НА:

Тензијата меѓу производителот Fiat и италијанските дилери на возила се зголемува откако продавачите ја обвинија фабриката дека им испратиле и фактурирале возила што не биле нарачани воопшто од нивна страна.

Станува збор за околу 6.000 возила од Tipo compact и големиот ван Ducato кои ионака слабо се продаваат и има големи залихи на плацевите. Дилерите тврдат дека не само што по грешка биле фактурирани, туку истите возила биле со лоша спецификација, па уште потешко е да бидат продадени, а ионака има доста голема залиха од моделот Tipo.

Дека имаат испорачано возила дилерите увиделе во системот на крајот на февруари. Со оваа одлука се затечени 150 дилери на возила на Fiat во Италија.

Засега дилерите сакаат да останам анонимни во своите коментари плашејќи се од реакцијата на Fiat Chrysler Automobiles (FCA).
Додека дилерите продолжуваат да се лутат од оваа одлука, автомобилскиот гигант ги зголеми испораките во првиот квартал со овие однесувања, и приходите на 90 милиони евра, нешто што може да го радува првиот човек на компанијата Ссрџо Маркионе, кој очекува првите три месеци од годинава да бидат „најслаби“.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK