Кога нешто ќе ви експлодира над главата особено ако стакло тогаш никому не може да му биде пријатно. Ако тоа се случи во текот на возење секако е уште полошо.
Ваков пример има со еден сопственик на СУВ возилот од Mercedes и тоа од моделот ML350 од 2015 година. Тој има поднесено тужба против германска компанија од која бара дури 200 милиони долари зголемени за судските трошци. Тој тврди дека Mercedes продавал возила чии панорамски кровови можат да пукнат.
Тужителот тврди дека минатиот март неговата сестра го возела автомобил и дека во еден момент без никакви претходни индикации панорамскиот кров експлодирал. Тоа се случило за време на сончев ден, а таа возела со брзина од 88 км/ч по автопат.
Стаклото наводно нагло експлодирало, а звукот бил како од пушка. Веднаш застанала и имала што да види бидејќи панорамското стакло експлодирало и се распрснало на задното седиште. Во тужата стои дека за правилно функционирање на големиот панорамски кров е потребно одговарачко инженерско знаење, како и засилувања на оптималните делови, а тоа произведувачот го нема изведено на потребниот начин.
Други сопственици тврдат дека експлозијата на панорамскиот кров е навистина страшно искуство бидејќи во тек на возењето покрај силната експлозија ве опсипуваат парчиња на стакло.
Mercedes досега немаше повлекување на оваа тема, а ги нема ниту предупредено сопствениците на таква можност, што е наведено во тужбата. Во склоп на тужбата е повикан и Saint-Gobain Sekurit, кој е производител на споменатото стакло. Инаку, замена на панорамското стакло изнесува околу 2.000 долари.