Бесен дизајн: Со овие бои возилата се гледаат и од вселената (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Еден неизбежен елемент на секој автомобил е секако бојата, а добрата боја може да значи и поголема привлечност за да се одлучите за некое возило. Сепак, има и такви бои на возилата коишто може да ви упаднат на прв поглед во око, но има и такви коишто можат да се видат дури од вселената.

Веќе има огромен број на бои, но овој пат може да се погледнат Tоп-10 боите на возилата кои може да се “видат и од вселената”.

Jeff Koons BMW M3 GT Art Car

Во BMW има долга традиција на правење на уметнички автомобили, а притоа и се позајмуваат автомобилите на разни креативни таленти коишто го користат автомобилот за индивидуално експериментирање.

Новиот дизајн кој ги изненади сите дојде од страна на провокативниот уметник, Џеф Конс, koj napravi golem broj na linii na avtomobilot M3 GT Le Mans во 2010 година. Огромниот број на бои кои се прелеваат дефинитивно го прават автомобилот видлив од огромна далечина.

Bugatti Veyron L’or Blanc

Што се случува кога ќе зете многумилионско супер возило и во него ќе го вкомпонирате фетишот за еднакво високо квалитетен порцелан?

Одговорот на тоа е Bugatti Veyron L’or Blanc, автомобил кој не само што содржи порцелански влошки во тркалата и на поклопецот за гориво туку има и сино-бела боја која е нанесена рачно и потсетува на 80-тите години на минатиот век.

Volkswagen Golf Harlequin

Извршниот директор на Volkswagen дојде на интересна идеја. Постави прашање како би изгледал MK3 Golf доколку биде создаде од делови коишто би се купиле од украдени автомобили. Практично се работи за автомобил кој е составен однов со делови од повеќе различни возила од истата марка, но во различна боја. На тој начин се добива возило со многу бои, а притоа секоја врата е во различна боја, како и хаубата…

Од ова возило Volkswagen продаде 3800 примероци во САД.

Она што било интересно е дека при создавањето на возилата, работниците во Пуебла во Мексико сето тоа го правеле по случаен избор односно деловите ги местеле како што ќе успееле да ги пронајдат, па се добивал многу интересен и секогаш различен распоред на боите.

Hello Kitty Mitsubishi Mirage

Mitsubishi направи розева верзија на Mirage и ја украси со налепници од Hello Kitty, па успеа да продаде 400 вакви возила во Јапонија.

Ова се возила во кои секое дете би сакало да спие бидејќи и внатрешниот дизајн на возилото е исполнет со моменти од Hello Kitty.

Land Rover Range Rover ChromaFlair

Од Land Rover им понудија на своите клиенти уникатна палета на бои за сите коишто сакаат да платат повеќе за натамошно прилагодување.

Инаку, Range Rover има неколку нијанси кои се незаборавни како Spectral Amber ChromaFlair.

Ford Mustang Mystic Cobra

Во 1996 година Ford сакаше да привлече внимание со новата Мustang SVT Cobra и како резултат на тоа успеа да создаде боја што ќе се менува меѓу зелената, сината, црната, виолетовата, златната и кафеавата во зависност од тоа како удира светлината на автомобилот.

Оваа боја слично како и Chroma Flair била користена и за транспарентни снегулки.

Идната боја, која се менува била забележана во 2004 година, а моделот Cobra ја користи ChromaFlair бојата наречена Mystichorme.

Audi R8 Chrome Edition

Доколку се прашувате дали можеле да се донесат ужани одлучи во однос на целосно хромирани бои овој примерок на Audi R8 е добар одговор на тоа прашање.

Овој специфичен модел е изграден, а потоа дониран на аукција за добротворни цели каде што најверојатно колекционерот го има купено за да го држи во подземна гаража со исклучено светло.

Sublime Green Dodge Challenger

Ова е враќање во 70-тите години на минатиот век подеднакво потсетувајќи се на боите со имињата како што беа Sublime и Plum Crazy.

Блескаво напред, па повторно може да се купи зелено ретро-тематско Challengers со бонус од значително поголем број на коњски сили.

Dakar Yellow BMW E36 M3

Овој модел не беше екслузивен за Е36 генерацијата М3, но јасно е дека спортскиот дедан на средина на 90-тите години беше модел на BMW кој најдобро го носеше.

Практично, од Laguna Blue и Phoenix Yellow, стана еден една од нијансите која е најсвежо поврзана со популарниот автомобил на марката.

Rolls-Royce Dawn Fuxia

Програмата Rolls-Royce е адаптирана со програмата која им овозможува на клиентите да нарачаат голем број на бои кои ги сакаат и да ги испрскаат каде било на автомобилот. Тоа е можеби делот кој е најголема гатанка на Dawn Fuxia, кабриолет кој заврши според името на сопственикот Michael Fuxa.

Целиот визуелен спектар е достапен за клиентите така што може да добие интересна нијанса на ова кабриолет возило.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK