понеделник, 25 септември, 2025 година

Bentley со својот прв електричен автомобил пред 2025 година

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Британскиот производител на ултра луксузни автомобили, Bentley, е последниот кој се одлучи да лансира електричен модел.

Според пишувањата на Ројтерс, повикувајќи се при тоа на разговорот со шефот на Bentley, Адријан Халмарк, овој производител не подоцна од 2025 година ќе го лансира својот прв електричен модел во понудата.

- Advertisement -

Според зборовите на Халмарк, тој веќе го презентирал новиот производствен план на управниот одбор, но без при тоа да навлегува во детали за Ројтерс изјави дека во новиот модел ќе биде вградено и нова технологија развиена од производителот. Во моментов производителот го анализира проектот за развој и лансирање на целосно електричен автомобил, и сите подготовки, вклучувајќи го и развојот на прототипот би требало да завршат не подоцна од 2025 година.

Според пишувањата, овој автомобил би требало да се базира на PPE (Premium Platform Electric) платформата која ја развиваат Porsche и Audi. Исто така се шпекулира дека овој прв модел на купувачите ќе им понуди минимални 500 километри автономија.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја