Bentley: Првата реколта мед е готова!

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијта Bentley објавија дека веќе е собрана првата реколта на мед, која е направена од семејствата пчели Flying Bees, кои биле пренесени на територијата на комплексот на фирмата во Кру во мај годинава.

Од Bentley велаt дека речиси 120.000 пчели групирани во две кошници , собрале доволно прашок кој се претворил во сериозна реколта од над 100 тегли мед, кои се наменети за вработените и ВИП гостите од комплексот.

Традионално за компанијата, медот се дистрибуира со корпоративни идентитети, секој со специјално обележана и нумерирана етикета. Самиот дизајн на етикетата е дело на дизајнерот на ентериерот на автомобилите Bentley, Луис Макалам.

„Ги монтиравме нашите први Bentley кошници порано годинава со идејата да го искористиме слободниот простор во Кру. Нашите пчели се дел од големата програма која ја развиваме за да гарнтираме дека нашиот комплекс и бизнис дејности ги одразуваат амбициите да станеме најоджливиот производител на луксузни автомобили“, вели Питер Бош, кој е член на бордот на легендарниот бренд.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK