Bеntley има нов директор за дизајн, доаѓа од Audi

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Bentley Motors објавија дека после одлуката за заминување на Стефан Силав, на местото директор за дизајн ќе биде поставен Андреас Миндт. Тој е дел од редовите на Volkswagen Group веќе 25 години, а последната одговорност која ја имал е фомирањето на надворешниот дизајн на претставниците на понудата на Audi.

На оваа позиција беше во последните шест години, а под негово раководство на пазарот беа пуштени голем број на класични како и купе модели на брендот. Покрај тоа беше пуштено и нестандардното Q8 и целосно електричното и прво во компанијата Audi e-Tron.

Со примањето на новите одговорности во Bentley, Миндт ќе одговара за дејноста на околу 50 работи за надворешен дизајн, како на надворешноста, така и на внатрешноста на идните автомобили на брендот.

„Bentley e скапоцен камен во редовите на Volkswagen Group. Создавањето на автомобил, и иднината, секогаш е процес заснова на многу, а не само на еден и очекувам со нетрпение да работам со моите колеги, за да помогнеме во дефинириањето на идната фаза на развојот на Bentley, као на пример со електрифицираната иднина“, вели Миндт.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK