Од компанијата Bentley објавија дека за четири години од почетокот на авантурата наречена Bentayga произведените примероци од лускузниот СУВ модел успеале да достигнат до границата од 20.000.
Определен како најбрз и луксузен СУВ автомобил во светот од Bentley, моделот Bentayga беше првпат претставен во светот за време на меѓународниот саем во Франкфурт во 2015 година. Брзо успеа да ги прилече клиентите кои се платежно помоќни од другите и тоа со својата димаика, елитизам, но и со секојдневната применливост.
Автомобилот дебитираше со нов W-образен, 12-цилиндричен мотор со максимална моќност од 600 коњски сили и максимален вртежен момент од 900 Нм. Во комбинација со осумстепената роботизирана трансмисија, автомобилот предложи можност за забрзување од 0 до 100 км/ч за 4,1 секунди и максимална брзина на движење од 301 км/ч.
Во 2018 година се случи премиерата на хибридната верзија на Bentayga, која му даде можност на автомобилот да предложи експлоатација во чист електронски режим во продолжение до 50 километри.