Bentley: 200.000 за 100 години – 25.000 за само 6 години

ОБЈАВЕНО НА:

Го губи ли Bentley епитетот на луксузен производител на автомобили? Вистинска закана за тоа е големиот пораст на продажбата на кросоверот Bentayga.

Првиот SUV модел на англискиот производител во производство влезе во декември 2015 година. Оттогаш па се до денес продадени се 25 илјади примероци од овој модел. Тоа претставува 1/8 од вкупната продажба на овој производител.

Bentley првиот автомобил го произведе на 18 јануари 1919 година па се до денес ширум светот се испорачани 200 илјади примероци на автомобили под овој бренд. Дека станува збор за огромен раст покажува и податокот дека од 2002 година па се до крајот на минатата, Bentley произведе 44.418 примероци.

Аналитичарите сметаат дека овие бројки го ставаат Bentley на граница помеѓу производител на луксузни и премиум автомобили. Ако продолжи овој тренд, зголемената побарувачка може да резултира со намалување на репутацијата како луксузен бренд.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK