недела, 25 декември, 2025 година

Белорусите измислија нов спорт со трактори!

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Во моментов се одржува зимската олимпијада во Јужна Кореја, но во Белорусија повеќе се радуваат на новиот спорт што го измислија. Добро, не е ништо револуционерно, но сепак досега немало такво натпреварување – бијатлон со трактори.

На 24 февруари ќе има и официјално натпреварување во овј спорт, или повеќе кажано авантура. Трката ќе биде слична како и класичниот бијатлон. Разликата е само што нема да се користат скии, туку трактори. Ќе се вози секако на снег.

- Advertisement -

Натпреварувањето ќе се одржи со класичен мал трактор „Белорусија-132H“, како и со најновиот модел „Белорусија-152“. Патеката ќе биде крос-кантри со многу пречки. Оние од натпреварувачите кои ќе имаат промашени мети при пукањето исто како кај бијатлон ќе треба да направат дополнителни кругови.

Од фабриката за трактори во Минск признаваат дека за нив оваа не е само шоу, туку и демонстрација на можностите на техниката:
“Тоа може да се користи како во земјоделството, така и во личните дворови и од општините – за чистење на снег на пример”, велат од фабриката.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја