вторник, 25 декември, 2025 година

Белорусија се откажува од моторите со внатрешно согорување пред Европа

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко објави дека неговата земја планира да се откаже од автомобилите со внатрешно согорување пред тоа да го направи Европа. Тој го објави ова за време на посетата на фабриката за електроника и домашна техника „Хоризонт“ во главниот град Минск.

„Господ сигурно не казнува со коронавирусот бидејќи се изживуваме над природата. Доколку не живееме во хармонија со неа, нема да бидеме здрави, а децата ќе ни бидат сиромашни“,  агенцијата од Белорусија ги цитира зборовите на Лукашенко.

- Advertisement -

Тој истакнува дека голем број на европски земји веќе се одлучоле за крајните рокови за забрана на автомобилите со мотори со внатршено согорување.

„Ние имаме шанса да го направиме тоа порано од нив и ќе го направиме тоа“, убеден е белорускиот лидер.

Довербата на Лукашенко е поврзана со завршувањето на нуклеарната централа изградена од руската државна корпорација „Росатом“ во текот на последните девет години. Белорусија планираше да ја извезува електроенергијата, произведена од неа, за земјите од Европската унија, но се судри со категоричен отказ од закупување поради опасност за екологијата.

Сега земјата располага со огромен суфицит, кој треба да биде искористен на некој начи, па властите решија ја насочат кон домашната потрошувачка. Самиот Александар Лукашенко инаку е заколнат фан на Тесла.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја