И Белорусија има електричен автомобил – сака да и парира на Tesla (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Ако пред само неколку недели Белорусија беше во центарот на вниманието поради изјавата на белорускиот претседател Лукашенко во однос на коронавирусот, овие денови повторно привлече внимание, но поради својот прв електричен автомобил.

Во рамките на специјално организиран настан на Националната академија на науките во Минск, белоруските инжинери во присуство на Александар Лукашенко го претстави прототипот на првиот белоруски електричен автомобил.

Автомбилот кој во моментов се уште е во развој, располага со батерија која овозможува автономија од 270 км, а максималната брзина која ја постигнува изнесува 170 км/ч.

Инжинерите се големи оптимисти при што еден од нив најави дека овој автомобил може да се натпреварува и со Tesla.

На истиот овој настан беше претставена и комерцијалната верзија на електричниот автобус развиен од MAZ.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK