Beijing X7 – кога прсти ќе замешаат Mercedes и BAIC

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од најголемите, а воедно и најстарите кинески производители на автомобили BAIC Group го претстави својот најнов модел, BeijingX7. Станува збор за SUV модел развиен од страна на Beijing Benz, заедничка компанија BAIC кој располага со 51% од сопственоста и Mercedes-Benz кој поседува 49% од сопственоста.

Премиерата BAIC ја спроведе он-лајн, но при тоа не откри многу детали. Она што е познато е дека се базира на BMFA платформата и под хаубата доаѓа со 1,5 литарскито бензински мотор со 170 КС како и автоматски менувач.

BAIC Beijing X7

Познато е и тоа дека е со должина од 4.700 мм и меѓуоскино растојание од 2.800 мм. Оттука повеќе од јасно е, дека е развиен исклучително за потребите на кинескиот пазар каде купувачите преферираат долги автомобили со големо меѓуоскино растојание.

BAIC Beijing X7

Дизајнот е навистина привлечен, особено во внатрешноста каде доминира големиот дигитален екран. Токму и во внатрешноста се забележуваат одредени дизајнерски детали карактеристични за германскиот производител.

Во продажба треба да се појави кон крајот на годинава, а повеќе детали ќе бидат откриени во текот на следниот месец и почетокот на летото.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK