Beetle оди во историја – за крај две верзии во продажба

ОБЈАВЕНО НА:

Американската подружница на Volkswagen објави, дека после седум децении производство на иконата Beetle ќе биде ставен крај во текот на следната година. За да биде одбележано напуштањето на сцената на својот иконски модел, компанијата ќе пушти во продажба две финални верзии на моделот: Final Edition SE и Final Edition SEL.

Двете финални серии на Beetle ќе бидат достапни во верзии на купе и кабриолет и ќе се разликуваат со сите други претставници на моделот со редица на дизајн елементи. Во стандардната опрема на автомобилите ќе бидат вклучени пакет хромирани елементи, Bi-Xenon фарови, диодни дневни светла, уникатни 17 и 18 инчни бандажи, систем за пристап до внатрешноста без клуч и друго.

Погонскиот уред на Beetle е дволитарски TSI бензинец со 174 коњски сили, комбиниран со шестепен автоматски менувач.

Цената на верзијата купе на Beetle Final Edition е определена на 23.045 американски долари, додека кабриолетот ќе стартува со 27.295 долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK