BMW „отфрла“ автоматски менувач со две спојки

ОБЈАВЕНО НА:

Кога се појавија автоматските менувачи со „двојно“ квачило беа исклучително популарни најмногу поради исклучително брзото менување на брзини, а сега класичните автоматски менувачи стануваат сè попопуларни.

Поради ова, BMW одлучи да откаже од менувач со две квачила, што посебно ќе влијае на М серијата, каде што таквите менувачи беа исклучително популарни.

Како што велат од германската компанија, осумстепениот автоматски менувач е доста подобра опција и во иднина ќе биде сè повеќе користен, а што се однесува до перформансите, нема да се изгуби ништо во однос на седумстепениот менувач со две квачила.

BMW планира да вложи големи средства во електричните автомобили и не му се исплаќа повеќе работа на равој на менувач со две квачила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK