Бавни се како маглата: Се забораваат додека стигнат до 100 км/ч.

ОБЈАВЕНО НА:

Одлично е познато како суперавтомобилите успеваат да „летаат“ за само неколку секунди и да развијат од 0 до 100 километри. Сепак, тоа е нешто кое е нормално со развојот на автомобилите. Затоа, е интересно да се види кои десет автомобили се на листата на најбавните кога е во прашање времето за достигнување на брзината до 100 километри на час.

10. Mitsubishi i-MiEV
0 – 100 km/h = 13,4 s
Овој електричен „Јапонец“ не е на нивото на некои електрични модели како Tesla S кои се навистина брзи. Максималната брзина на Mitsubishi е 128 километри на час. Ако нешто е позитивно ео него, тоа е неговата еколошка „свест“.

9. Fiat Qubo 1.4
0 – 100 km/h = 17,7 s
Не е претерано убав и со изгледот потсетува на колекционерот Jaya Lena. Овој Fiat официјално е најбавниот автомобил кој во моментов се продава во Европа.

8. Smart CDi
0 – 100 km/h = 19,5 s
Ова е Smart на дизел, кој е навистина редок на Балканот, а е стар само неколку години.

7. Chevrolet CMV
0 – 100 km/h = 27 s
Овој автомобил оригинално е произведен како Suzuki, а потоа е ребрендиран во Daewoo, па дури на крајот во Chevrolet. Го движи трицилиндричен 0,8-литрен бензинец кој развива 37 коњски сили и носи товар од 450 килограми.

6. Hindustan Ambassador 1.5 DSZ
0-100 km/h = 28 s
Се работи за индиска „лимузина“, која има 35,5 коњски сили. Иако од фабриката не ги објавуваат бројките за забрзувањето и за максималната брзина веродостојни извори велат дека од 0 до 100 километри на час стигаат за 28 секунди.

5. Tata Nano
0-100 km/h = 29,4 s
Иако е најефтиниот автомобил на светот, сосема сигурно е далеку од најбрз бидејќи му требаат речиси 30 секунди да стигне до брзина од 100 километри на час.

4. MIA Electric Car
0-100 km/h = 30 s
Точно пола минута му треба да стигне до 100 километри на час. Возачкото седиште е сметено во центарот како во McLaren F1, а во автомобилот може да седнат тројца.

3. Renault Twizy
0-100 km/h = Не може
Максималната брзина на овој автомобил е 80 километри на час, но затоа нуди една нова доза на забава во возењето на автопатот.

2. Aixam Coupe
0-100 km/h = Никако не може
Овој автомобил, ако може така да се нарече, има 0,4 литрен двоцилиндричен дизел мотор кој развива огромни 5,6 коњски сили. Практично единствената добра страна на ова возило е тоа што за негово управување не е потребна возачка дозвола за Б категорија.

1. Peel P50
0-100 km/h = Никогаш
Ова е британски производ кој до светска популарност дојде поради Џереми Кларксон во Top Gear, а за неговата цена од 16.000 амерински долари, официјално можете да бидете „најбавниот човек на планетата“.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK