Американците секогаш знаеле да направат добро шоу и забава, па дури и кога станува збор за радио. Организираа шоу во кое требаше 50 часови да се издржи и да се бакнува еден модел на Kia, и оној што ќе остане на крај токму таа Kia Optima ќе си ја вози дома.
Радио станица од Њујорк на победникот на ова натпреварување му додели Kia Optima вредна 22.000 долари. Целиот маратон на бакнување на возилото било пренесувано во живо преку социјалните мрежи за да се запази на регуларноста.
На секој час сите имале по десет минути пауза да ги релаксираат усните. Немало правило каде вашата усна ќе биде залепена за возилото, дали за метален дел, пластика или гума. Најважно било да останете со усната за површината.
До текот на маратонот некои доброволно се откажале, некои бил еприморани бидејќи судиите утврдиле дека немаат веќе контакт со површината на возилото. Но бидејќи имало неколкумина што ги издржале тие 50 часови, имало извлекување.
Во тоа извлекување најмногу среќа имала 30-годишната Дилини Јајасурија. Другите пак добиле еден куп утешни награди