Барселона забрани возење на стари автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Барселона се реши на радикален чекор, забранувајќи ги старите возила со цел да обезбеди чист воздух, да го намали метежот и бучавата во градот.

TheTime пренесува дека градската управа донесе одлука да се забранат сите возила произведени пред 2000 година и оние со дизелски агрегат произведени пред 2006 година. На овие возила нема да им биде овозможено да пристапат до централното јадро кое е на површина од 60 километри квадратни.

Сепак, овие забрани ќе важат само за викенди во периодот од 7 часот наутро до 8 часот навечер, а за оние кои ќе ги прекршат предвидена е казна во висина од 100 до 150 евра.

За оние возачи кои имаат под 8 илјади евра годишни приходи предвиден е 12 месечен грејс период, а за нерезидентите на западноевропските земји дозволено е користење на некои од “забранетите” возила, но откако претходно ќе добијат соодветна дозвола од градската управа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK