Речиси 150.000 сообраќајни несреќи коишто се случиле од 1 март во 2015 година до 30 ноември следната година биле поради ловците на Покемони. Манијата која што ги зафати луѓето низ светот правеше големи проблеми, а најголемиот дел од нив беа со сериозни последици.
Периодот од година и пол донесе големи несреќи, а бројките велат дека Покемоните се виновни за дури 145.000 несреќи, а еден голем дел од нив завршиле и трагично.
Материјалната штета која била направена се проценува мешу 2 милијарди и 7,3 милијарди долари. Инаку, Покемон манијата тргна пред две и пол години и брзо се прошири низ целиот свет.