Барањето паркинг место ја чини Германија 45 милијарди евра годишно

ОБЈАВЕНО НА:

Проблемот со паркинг просторот, особено во големите градови е долгорочен и тешко се надминува. Германците пресметале дека барањето на паркинг места ја чини економијата околу 45 милијарди евра годишно.

Ова доаѓа по извршената анализа од страна на Инрикс, компанијата која го истражува транспортот. Најголем дел оди на загубеното време, потоа на потрошеното гориво (околу 3,2 милијарди литри) и дополнителното загадување на околината.

Просечен германски возач троши 41 час годишно во барање паркинг. Најлоша е ситуацијата во Франкфурт, таму просечно 10 минути трае потрагата по паркинг место, односно 65 часа годишно. Годишно пак се трошат околу 100 евра за паркинг автомати за да не бидат казнети

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK