Бараат отштета од Volkswagen од 357 милиони евра

ОБЈАВЕНО НА:

Над 15 илјади клиенти поднесоа колективна тужба против Volkswagen и бараат надоместок кој изнесува околу 357 милиони евра. Проблемот е во инсталираниот софтвер во автомобилите за манипулирање на еколошките тестови поради што биле исклучени од движење по патиштата низ Германија.

Организацијата за заштита на корисниците MyRight го загуби првиот случај против Volkswagen поради истата причина откако судот во Брауншвајг пресуди во корист на производителот. Судот сметаше дека софтверските манипулации не се основната причина за исклучување на автомобилите од патиштата и дека истите не можат да добијат компензација.

Сепак, од MyRight немаат намера да се откажат. Тие застапуваат интереси на над 100.000 сопственици на дизел автомобили. Планираат да поднесат тужба и да поведат постапка и во Швајцарија и тоа уште до крајот на оваа година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK