Бања Лука со повеќе автомобили од Лондон!

ОБЈАВЕНО НА:

Балканот не е само едно обично пространство исполнето со планини, реки и низини. Тоа е пространство каде се случуваат феномени кои ги има само тука и никаде на друго место.

Потврда на горенаведеното е последната вест која ја пренесоа босанските и српските медиуми според која во Бања Лука на 1.000 жители има повеќе автомобили отколку во главниот град на Велика Британија, Лондон.

Според статистичките податоци објавени од страна на Републичкиот завод за статистика, во Република Српска има речиси 300 возила на 1.000 жители. Сепак тоа е многу помалку отколку во Хрватска каде на исто толку жители има 470 регистрирани возила и Словенија каде на 1.000 жители има нешто повеќе од 700 регистрирани возила, иизјави Радовиќ.

Таа сподели и интересен податок според кој во Бања Лука на 1.000 жители има повеќе регистрирани возила отколку Лондон, на исто толку жители.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK